Дома

“Агрос” ДОО – Охрид

“Агрос” ДОО – Охрид е фирма основана во 2003 год. Наша основна дејност е увоз и дистрибуција на ѓубрива и опрема за земјоделие.  Застапници сме за Македонија за неколку странски фирми, сите од земји од Европската унија.

Нашиот успех се должи на нашиот професионализам  и довербата која ја стекнавме, како и на квалитетот на нашите производи. Нашата грижа за купувачите е континуирана и не завршува со продажбата, туку продолжува и понатака.

Наш препознатлив знак стана увозот и дистрибуцијата на течни специјални ѓубрива, а посебно на органски ѓубрива.

Агрометоролошки станици-прогнозери “PINOVAMETEO”

Агрометеоролошки станици кои ги мерат сите метеоролошки параметри, со софтвер за прогноза на најважните болести кај земјоделските култури и можност за одредување на вистинското време за третирање против штетници. Независни од електрично напојување и интернет.

Ѓубрива

Oсновни гранулирани, течни, со биостимулатори, со аминокиселини,  меѓу кои и сертифицирани органски ѓубрива.

Опрема и репроматеријали

Повеќе видови рачни и грбни прскалки со капацитет од 1 до 16 литри и делови за нив. Бренери за моторни прскалки и атомизери.

Опрема за флаширање и винарство

Машинки за флаширање со крунски затварачи и тапи.

Консалтинг

Консалтинг услуги од областа на земјоделието, со акцент на заштита и исхрана на растенија, како и за подигање на нови насади.